ОД ДИЈАЛОГ ДО ПРОМЕНА: ЗАЕДНО ЗА ПОСИЛНИ И ПОАКТИВНИ ЖЕНИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Заедно за промени: воспоставување дијалог за создавање овозможувачка средина за жените.

Во Ресен се одржа настан посветен на воспоставување отворен и конструктивен дијалог меѓу жените и локалните чинители, со цел заеднички да се разговара за можностите, предизвиците и потребите на жените во локалната заедница.

Настанот претставуваше простор каде што учесниците имаа можност слободно да ги споделат своите искуства, идеи и предизвици, но и да дадат конкретни предлози за унапредување на условите за нивно поголемо економско и општествено учество.

Во фокусот на дискусијата беа теми поврзани со економското јакнење на жените, поддршката за женското претприемништво, пристапот до можности за самовработување и развој на бизнис, како и значењето на родово одговорното креирање на локалните политики и буџети.

Особено значајно беше што преку директен дијалог се отвори можност гласот на жените да биде слушнат и нивните потреби да бидат земени предвид при креирањето на мерки и политики на локално ниво.

Ваквите средби се важен чекор кон создавање заедница во која жените не се само кориснички на мерките, туку активни учеснички во процесите на донесување одлуки и креирање на политики.

Со заеднички разговор, соработка и конкретни иницијативи можеме да создадеме средина во која секоја жена ќе има можност да го развива својот потенцијал, да биде економски независна и активно да придонесува кон развојот на својата заедница.

Гласот на жените е важен. Учеството носи промена. А промената ја создаваме заедно.

Им благодариме на сите учесници.

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Слични Објави