ЗАЕДНО ЗА ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ!
На 3 октомври 2026 година, учествувавме на Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ организиран од Civica Mobilitas.
Во рамките на проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, нашите курсистки од обуката за шминкање имаа можност да ги презентираат своите стекнати знаења и вештини, покажувајќи дека едукацијата и практичната обука отвораат нови можности за економска независност и професионален развој на жените.
За нас, овој фестивал беше можност да го истакнеме значењето на поддршката, едукацијата и создавањето услови во кои секоја жена може да го развие својот потенцијал, да ја зголеми својата самодоверба и активно да придонесува во заедницата, а воедно имавме можност да ги презентираме нашите реализирани и тековни активности и постигнатите резултати.
Зајакнати жени – посилни заедници!



















Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
