ЗА НАС

Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТHer Zaman Birlikte Yaşama Derneği, се со цел на промовирање на мултикултурниот соживот односно афирмација и промоција на нашата:

МИСИЈА

Да створат услови за активно вклучување на жените и младите од руралните средини во општествено социјалните процеси преку промовирање на правото на жената, правата на децата, здравствени права, права на недискриминација како и нудење на неформална едукација на жените и младите од руралните средини.

ВИЗИЈА

Да се креираат еднакви можности и услови за еманципација, интеграција и едукација на жените и младите од руралните средини се со цел на остварување на општествените, економските и социјалните интереси.

Цели и задачи на Здружението

Граѓаните се здружени  во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес. Мисијата на здружението е  да се створат услови за активно вклучување на жените и младите од руралните средини во општествено социалните процеси преку промовирање правото на жените, правата на децата, здравствени права, права на недискриминација, како и нудење на неформална едукација на жените и младите од руралните средини.

Основни цели и задачи на Здружението се:

  1. Нудење  можност за интеграција на жените и младите од различните етникуми преку промовирање и застапување на нивните потреби пред релевантните институции,
  2. Остварување на основните човекови права на жените и младите во руралните средини,
  3. Надминување на стереотипите и предрасудите во однос на различните етникуми,
  4. Унапредување на положбата на жената во опшеството,
  5. Зајакнување  на меѓуетничките односи во руралните средини,
  6. Активна борба против сите видови на дискриминација,
  7. Активности во областа на спорт и рекреација на жени, млади и деца;
  8. Развој и унапредување на жената и младите во змјоделитео 
  9. Зачувување на културните вредности и традиција,
  10. Грижа за здравјето на жената,
  11. Креирање на општество во кое жените и младите ке имаат еднакви можности,права и одговорности во сите свери на општественото живеење и делување.