📢 ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ЗА ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЖУПА
На 12.06.2026 година во Женскиот центар во Општина Центар Жупа се одржа настан на тема „Воспоставување на дијалог помеѓу жените и властите за создавање на овозможувачка околина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените преку креирање на родово базирани политики и буџети“.






Преку отворена дискусија и работа во групи, учесничките ги идентификуваа главните предизвици со кои се соочуваат жените во областа на вработувањето, претприемништвото и економското јакнење, како и можните решенија за нивно надминување. Посебен акцент беше ставен на потребата од поголема информираност, пристап до обуки и можности за самовработување, како и институционална поддршка за развој на женското претприемништво.
Настанот придонесе кон зајакнување на дијалогот помеѓу жените и локалната самоуправа и отвори простор за креирање препораки насочени кон развој на родово одговорни локални политики и мерки за економско јакнење на жените.
На настанот присуствуваше и координаторката за еднакви можности при Општина Центар Жупа Ерихана Фето.
Настанот ја фацилитираше Бенази Шемовска, која преку интерактивни методи на работа ги поттикна учесничките активно да ги споделат своите искуства, потреби и предлози.
Им благодариме на сите учеснички, на претставничката на Општина Центар Жупа и на обучувачката Бенази Шемовска за нивното активно учество и придонес во успешната реализација на настанот.









Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
