ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ВЛАСТИТЕ ВО ШТИП

На 28.05.2026 година во просториите на Работничкиот универзитет во Штип се одржа настан за воспоставување дијалог помеѓу жените и власти, со цел да се создаде овозможувачка средина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените.

На настанот присуствуваше заменик-градоначалникот и советник во Општина Штип, Атанас Крстовски, кој ја истакна важноста од активно учество на жените во локалниот развој и подготвеноста на Општината за соработка во насока на подобрување на условите за економско јакнење на жените.

Преку отворена дискусија, учесничките ги споделија своите потреби, предизвици и предлози поврзани со вработувањето, женското претприемништво и локалниот развој. Настанот овозможи проблемите и потребите на жените да станат повидливи пред локалните власти, а истовремено придонесе за зајакнување на дијалогот и заедничкото креирање решенија за подобра иднина.

Заедно градиме заедници во кои жените имаат еднакви можности за економски развој и активно учество во општествениот живот.

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Слични Објави