ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО

Инспирација во секој чекор.

На 10.12.2025 година, во Општина Неготино се одржа свечен настан на кој им беа доделени сертификати на курсистките кои успешно ги завршија бесплатните обуки за шминкер како и за  маникир и педикир.

Ова доделување претставува посебен момент, бидејќи Неготино е веќе седмата општина во која успешно ги реализиравме овие обуки. Со ова, вкупно 53 жени добија сертификати што ќе им служат како силна основа за нивниот понатамошен професионален развој и економско осамостојување.

Обуките ги организираме со јасна мисија – да им овозможиме на жените  да стекнат практични и теоретски вештини, да станат поконкурентни и да бидат активно вклучени на пазарот на труд и да создадат сопствени професионални приказни. Секоја учесничка вложи време, труд и голема посветеност, а нивниот успех е доказ дека знаењето и образованието отвораат нови можности и создаваат подобра иднина.

Настанот во Неготино беше исполнет со гордост, мотивација и инспирација.

Им честитаме на сите курсистки и им посакуваме успешна кариера, нови остварувања и професионален раст!

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО – Скопје, во соработка со проектните партнери СЕКОГАШ СОЖИВОТ – с. Канатларци – Прилеп и ЗОК АДРИОН – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Слични Објави