НАСТАН ВО КОНФЕКЦИЈАТА „ГАТЕКС“ – ПРИЛЕП ВО РАМКИТЕ НА КАМПАЊАТА „16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“
ТИ НЕ СИ БРОЈКА, ТИ СИ ПРОМЕНА!
На 1 декември 2025 година, во конфекцијата „Гатекс“ – Прилеп, успешно реализиравме едукативен и информативен настан како дел од глобалната кампања „16 дена активизам против родово базираното и семејното насилство“.
Претставници од ОВР Прилеп одржаа настанот со цел подигнување на свеста за сериозноста на родово базираното и семејното насилство, како и информирање на присутните за можностите за превенција, заштита и институционална поддршка.


🔹 Присутните вработени добија корисни информации за:
• законските рамки и правата на жртвите
• значењето на навремено пријавување на насилството
• улогата на работната средина и заедницата во превенцијата
• начините на препознавање и реагирање во случаи на ризик
• Видовите насилства





Настанот предизвика голем интерес и активно учество, што ја истакна потребата од вакви едукативни активности во работните колективи.
Со ваквите иницијативи продолжуваме да создаваме побезбедна, поинформирана и посолидарна заедница.
Благодариме на претставниците од ОВР Прилеп, Помошник Командир за ЈРМ и Превенција Валентина Блажеска и Помлад инспектор од Општ Криминал Мелек Ј.Текешаноска, за нивната соработка.
Благодариме на Конфекцијата Гатекс и на сите присутни.






Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО – Скопје, во соработка со проектните партнери СЕКОГАШ СОЖИВОТ – с. Канатларци – Прилеп и ЗОК АДРИОН – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
