ЦЕНТАР ЖУПА – ЗА ПОДОСТАПНИ И ПОИНКЛУЗИВНИ ЈАВНИ УСЛУГИ ЗА СИТЕ
На 25 ноември 2026 година, во среда, во Општина Центар Жупа се одржа активност за јавно застапување посветена на вклучувањето на родовата перспектива во политиките и програмите на јавните комунални услуги.
На настанот присуствуваа претставници на општината, претставници на граѓанскиот сектор, како и други учесници заинтересирани за унапредување на јавните услуги и потребите на локалната заедница.






Во текот на средбата се разговараше за значењето на пристапноста и достапноста на јавните комунални услуги, како и за потребата тие да бидат прилагодени на реалните потреби на жените и мажите. Посебно внимание беше посветено на препознавањето на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните при користењето на овие услуги и можностите за нивно подобрување.
Преку отворена дискусија и размена на мислења, учесниците ја истакнаа важноста од поголема соработка меѓу локалните институции, граѓанските организации и населението, со цел јавните услуги да бидат поефикасни, поинклузивни и подеднакво достапни за сите.
Им благодариме на претставниците на Општина Центар Жупа, на граѓанските организации и на сите присутни за учеството, споделените искуства и конструктивниот придонес во дискусијата.















Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
