Пријателството продолжува – заедничка средба во с. Канатларци
На 25.11.2026 година, во ООУ „Кирил и Методиј“ во с. Канатларци, се одржа втората средба во рамките на проектот „Заедно учиме, заедно растеме“, одобрен и финансиран од Општина Прилеп.
На средбата присуствуваа претставници на нашето здружение, дел од училишниот персонал и ученици од VII одделение од ООУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани и учениците од ООУ ,,Кирил и Методиј” с. Канатларци.
По претходната средба во Кривогаштани, учениците повторно имаа можност да се дружат, да ги зацврстат новосоздадените пријателства и да продолжат да градат позитивни односи засновани на меѓусебно почитување и разбирање.








Посебен дел од посетата беше присуството на училишниот панаѓур за здрава храна, каде учениците имаа можност да се запознаат со различни здрави прехранбени производи и да ја споделат радоста од заедничките активности.
Со оваа средба успешно се заокружија двете планирани дружења, кои придонесоа за поврзување на децата и за поттикнување односно зацврстување на соживотот уште од најрана возраст.
Голема благодарност до директорката Лилјана Стојкоска, директорката Ирена Трајкоска, до наставникот по ликовно Ферди Булут, како и до сите учесници за рееализацијата на настанот.
Различни култури, едно пријателство – заедно учиме, заедно растеме!
