ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО МИКРОФИНАНСИРАЊЕ И МИКРОЗАЕМИ – СТРУМИЦА
На 03.06.2025, во Струмица, успешно ја реализиравме информативна и едукативна сесија на тема: „Фацилитација за олеснување на пристапот до институциите за микрофинансирање и програми за микрозаеми“.
Целта на сесијата беше да им се доближат на жените информации и можности за користење на финансиски услуги и поддршка при започнување или развој на сопствен бизнис. Учесничките имаа можност да се информираат за механизмите на микрофинансирање и програмите за микрозаеми како поддршка за нивен економски напредок.






Предавач на сесијата беше Директорот на Занаетчиската комора – Петар Узунов, кој ги сподели своите знаења и искуства во областа на самовработување и пристап до финансии за бизниси.
На настанот присуствуваа жени од Струмица и околината, меѓу кои и нашите курсистки кои успешно ги завршија обуките што ги организиравме, како и ученички СОУУД”Димитар Влахов”-Струмица од смерот Техничар за козметички и хемиски производи. За нив оваа сесија беше одлична можност да се запознаат со реалните можности за започнување сопствен бизнис и користење на достапни финансиски програми.
Сесијата предизвика голем интерес и активна вклученост од страна на учесничките, а атмосферата беше исполнета со ентузијазам и прашања.
Веруваме дека оваа активност ќе придонесе кон поголема економска вклученост и самодоверба кај жените, поттикнувајќи ги да направат чекор напред во нивниот професионален развој.


Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
