НАСТАН ЗА ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА И ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА РОДОВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

„ПРЕКИНИ ГО МОЛЧЕЊЕТО, ЗАПРИ ГО НАСИЛСТВОТО“

На 27 ноември 2024 година, во с. Канатларци се одржа едукативна работилница на жените и младите со предавања на теми за лична безбедност и препознавање на родовото и семејното насилство. Настанот беше дел од Меѓународната кампања „16 дена активизам за елиминација на насилството врз жените и семејното насилство“.

Едукативните работинлици ги водеа Началничката на Отсекот за превенција Мирјана С. Недановска, Самостојниот инспектор Ките Трајковски при СВР – Битола и Помошник – инспекторката во ОВР Прилеп – НККР – ОК, Мелек Ј. Текешаноска. Тиа ја опфатија важноста од препознавање на сите видови насилства, превенција од семејно насилство, мерки за заштита, начинот на кој жртвите можат да се заштитат и да побарат помош.

Настанот ја потврди важноста на едукацијата како средство за подигнување на свеста за личната безбедност и заштита од насилство. Преку овие активности се испраќа силна порака дека борбата против насислтвото е одговорност на сите, со цел да се создаде посигрна и поправдена заедница и живот без насилство.

Секој човек заслужува живот без страв и насилство. Заедно можеме да создадеме свет каде што почитта, разбирањето и поддршката се основа на секое општество.

Изразуваме искрена благодарност до СВР – Битола и ОВР Прилеп. Исто така упатуваме благодарност до предавачите и до сите присутни.

Овој значаен настан е дел од заедничкиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество.“ се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“, Скопје и проектните партнери Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“– с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“, Желино.  поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот„ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Слични Објави