КУМАНОВО, 22.05.2026 ✨
Со големо задоволство ги доделивме сертификатите на курсистките кои успешно го завршија курсот за маникир и педикир во Куманово. 💅✨
Во текот на обуката, учесничките имаа можност да стекнат нови теоретски и практични знаења, да ги усовршат своите вештини и да се запознаат со современите техники од областа на маникирот и педикирот. Со многу труд, посветеност и желба за напредок, тие успешно го завршија курсот и направија важен чекор кон своето професионално усовршување и економско зајакнување.






Куманово е деветта општина во која успешно се реализира доделувањето на сертификати во рамки на проектните активности, што претставува уште еден значаен чекор кон поддршка и јакнење на жените преку овие курсеви и стекнување практични вештини.
Им честитаме на сите учеснички за успешно завршениот курс и им посакуваме многу успех, нови можности и понатамошни достигнувања во иднина. 🌸


Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
