ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ВО ОПШТИНА КИЧЕВО

На 13.08.2025 година, во Општина Кичево се одржа свечен настан на кој беа доделени сертификати на жените кои успешно ја завршија обуката за маникир и педикир, како и обуката за шминкери.

Беа организирани со цел да им се даде поддршка на жените во нивното професионално остварување и да им се овозможи полесен пристап до пазарот на труд. Со стекнатите знаења и вештини, учесничките добија нови можности за личен и економски развој, како и поголема самостојност.

Настанот беше исполнет со радост и гордост, бидејќи секоја курсистка вложи труд, дисциплина и посветеност во текот на целата обука. Ова е важен чекор напред за сите нив, но и поттик за други жени да се охрабрат и да вложат во сопствената иднина.

Свеченоста покажа дека преку вакви програми се создаваат реални можности за жените да станат активни учесници во општеството и да придонесат за развојот на заедницата. Успехот на курсистки е доказ дека вложувањето во знаење и образование секогаш носи позитивни резултати. Им посакуваме на сите успешна кариера, многу успеси и сопствени професионални приказни кои ќе продолжат да инспирираат

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Слични Објави