✨ СРЕДБА СО ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ ВО с. КАНАТЛАРЦИ ✨
На 30 ноември 2025 година, во с. Канатларци, организирaвме средба со жените и младите девојки од локалната заедница. Настанот претставуваше важен дел од активностите за воспоставување дијалог помеѓу жените и локалните власти, со цел да се идентификуваат потребите и предлозите на жените за подобрување на локалната средина и економското јакнење.
Средбата беше интерактивна, динамична и исполнета со конструктивна дискусија. Учесничките ги истакнаа своите главни потреби и предизвици, меѓу кои најзначајни: недостигот од детска градинка во с. Канатларци, потреба од поголема поддршка за женско претприемништво и подобрување на инфраструктурата во селото.



Преку заеднички разговори учесничките формулираа јасни и конкретни предлози кои ќе бидат доставени до Општина Прилеп, со цел нивно разгледување и можно вклучување во локалните планови и политики.
Настанот помина во мотивирачка атмосфера, а жените изразија силна заинтересираност вакви средби да се одржуваат почесто, бидејќи претставуваат значајна можност за поддршка, поврзување и развој на жените од руралната средина.
Со оваа активност продолжуваме да ги поттикнуваме жените да бидат активен глас во локалната заедница и да учествуваат во креирањето на родово одговорни политики и буџети.














Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО – Скопје, во соработка со проектните партнери СЕКОГАШ СОЖИВОТ – с. Канатларци – Прилеп и ЗОК АДРИОН – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
