✨ ИНФОРМАТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА МИКРОФИНАНСИРАЊЕ И МИКРОЗАЕМИ ВО НЕГОТИНО
На 27.11.2025 година, организиравме информативен, едукативен настан посветен на можностите за микрофинансирање, микрозаеми и поддршка при развој на сопствен бизнис.
Учесниците добија корисни информации за:
✔️ активните мерки за самовработување,
✔️ програмите за практична работа,
✔️ основање и развој на сопствен бизнис,
✔️ пристап до финансиски инструменти што го олеснуваат претприемништвото.
Особено ни е драго што дел од присутните беа и нашите курсистки, кои имаа можност од прва рака да се информираат за можностите за самовработување и поддршка за стартување сопствен бизнис.



Голема благодарност до Елена Лазова, претставник од Центар за вработување Неготино, која детално ги презентираше мерките и програмите.
Овој настан е уште еден важен чекор кон економско зајакнување и поттикнување на претприемачкиот дух во нашата заедница. 💼✨



Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО – Скопје, во соработка со проектните партнери СЕКОГАШ СОЖИВОТ – с. Канатларци – Прилеп и ЗОК АДРИОН – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
